Македонија
17. December 2016 - 18:50

ВМРО-ДПМНЕ со цврст државнички став, Извршниот комитет донесе проглас

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе проглас чии главни пораки ги соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред насобраните граѓани пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК)

- Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување не некои странски претставници со цел вршење влијание на некои од членовите на ДИК, а во правец на постизборн инжинеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните на РМ, рече Грувески. 

Како што кажа, некои од независните претставници на ДИК не се независни.  - Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд  од никого. Доколку и Управниот суд подлегне на влијанијата  од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и да се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ  и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија ВМРО- ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување, рече Груевски.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев, додаде, нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните, нефункционирање и функционирање на институции кои го немаат легитимиетот на граѓаните на Република Македонија, посочи Груевски.

Втората порака од прогласот е дека државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори, наведе лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. - Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави. Но, некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика мора да пресетанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно-политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати, рече Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира, го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници, претставници на други држави,  а на кои се преговара и се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот.

Со прогласот ВМРО-ДПМНЕ порачува дека во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во кој било сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на Европската унија.

- ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под какви било услови и под какви било околности. Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и историски и во сегашноста и во иднина била и ќе биде прозападно ориентирана партија. Нашата ориентација, нагласи, е членство во НАТО и во Европската унија и стратешко пријателство со САД. Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Република Македонија.

- Ова ваше собирање овие денови е крик на совеста на секој Македонец за секој граѓанин на Македонија да ја зачува демократијата, да ја зачува слободата и да останеме на своето и никој да не може да ги фалсификува изборните резултати и изборната волја на народот на Република Македонија, рече Груевски во обраќањето пред насобраните граѓани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на ДИК.