Бизнис
26. November 2015 - 20:02

Влезот на странските инвестиции од ИТ секторот позитивно влијаат на економијата

Македонија нуди конкуретни услови за инвестиции на компании од информатичките технологии и може да се очекуваат нови странски инвеститори од оваа индустрија. Мусала Софт, Баракуда, Ендава, ДФ Лабс, се само некои од од компаниите кои во последните години решија да отворат развојни центри во земјата.

Првиот човек на ИКТ комората МАСИТ вели дека нивното присуство има позитивно влијание за целата економија.

Плајвански вели дека главниот поттик за инвеститорите досега се ниските трошоци за вработени, но дека има иницијатива тоа да се смени. Преку МАСИТ воспоставен е дијалог за планирање на  кадрите на факултетите, а веќе присустните инвеститори имаат намера да го подигнат квалитетот на работната сила.

Неколку ИТ компании во моментов сериозно ја разгледуваат Македонија како инвестициска дестинација. Покрај генералната деловна клима и трошоци, меѓу специфичните услови за кои се интересираат се и заштитата на правата на интелктуална сопственост и справувањето со пиратеријата.