Македонија
7. December 2015 - 8:20

Владини претставници и пратеници во работна посета на Министерството за економија

Владина делегација предводена од вицепремиерите Муса Џафери и Фатмир Бесими, заменик-министерот за транспорт и врски  Ниметула Халими и пратениците Вјолца М. Нуредини и Артан Груби денеска ќе престојуваат во работна посета на Министерството за економија.

Целта на посетата, како што соопшти Министерството за економија, е владините претставници и пратениците да се запознаат со проектите кои се реализирани во ова министерство, како и за оние кои се во тек.