Loading Video...
Свет
18. March 2018 - 17:03

Владимир Путин пред четвртиот претседателски мандат

Речиси 18 години Владимир Путин ја контролира власта во Русија , како претседател или премиер.  Тој е пред четвриот претседателки мандат и веќе е лидер кој  најдолго останал на власт,од времето на Сталин. Откако дојде на власт, Русија се препороди на внатрешен но и надворешен план. Дожиева економскиразвој, раст на популацијата на населението , воена експанзија и пред се стекна способност независно да дејствува во меѓунарондите односи и да биде значаен актер на светската сцена. Екпертите ќе сумираат дека  поранешниот разузнавачки агент  изгради имиџ на политичар кој ја извлекол Русија од стагнација по распадот на Советскиот сојуз.

-  Мислам дека е негова стратегија. Има идеја што сака, а тоа е да биде обединувач на Големата земја, каква Русија, а потоа и СССР бил, кога поради Западот ја изгубиле во студената војна и други инстанци. Сега тој работи на враќањето на славата, на руската грандиозност. Јас сметам дека тоа е неговата стратешка цел, вели  аналичарот  Нина Хрушчева

 Мнозинството Руси ја поддржува досегашната политика на 65 годишниот Путин.

- Тој направи многу за нашата земја и ние сме среќни да му служиме.

- Живееме добро, некои луѓе може не се задоволни, но видовме многу потешки времиња.

Но тука се оние кои  му забелажуваат дека многу малку направил на економско поле  откако по трет пат застана на чело на Русија.

Ја заборави економијата.Ќе биде подобро за сите нас , ако тој повеке мисли за сите нас. Тој е премногу заинтересиран за политиката.

Голем допринос за долгото владеење на Путин  има Западот , кој со континуираната  пропагадно психолошката војна која ја води против Русија  и желбата да ја смената сликата за култот кон лидерот само ја зголемува неговата популарност сметаат дел од руските експертите и додваат дека  најсилниот Адут на Путин се јасно изразениот патриотизам и заштита на интересите на својата земја.