Бизнис
9. February 2018 - 19:47

Владата ќе ги дисциплинира државните институции навреме да си ги плаќаат долговите

Државата ќе ги притиска буџетските корисници, општините и јавните претпријатија побрзо да се раздолжуваат.  За да не тонат во долгови со Закон ќе бидат приморани сите неплатени обврски да ги внесат во електронскиот систем на МФ. Со ова ќе се прецизира точно кој колку должи и ќе се избегне повторување на овој проблем во иднина. Софтверот  е изготвен и тестиран. Ќе почне да функционира кон средината на годината. Но, дали Владата ќе се задолжува за да ги врати нивните долгови ? Тевдовски не даде прецизен одговор.

Последниот извештај од финансии за неплатените обврски на државните институции до 31 ви мај лани покажува дека тие должат  363 милиони евра. Но Министерството се оградува од  веродостојноста на овие податоци. Бидејќи тие немале законска обврска да им  ја откријат реалната состојба..

Инаку овие податоци покажуваат дека само општините должат 74 милиони евра. Најмногу неплатени обврски имаат Охрид Тетово и Карпош.

Најновиот ревизорски извештај пак покажува дека општините должат над 100 милиони евра кои не можат да се наплатат. Ревизорите констатрирале дека многу од нив не ги почитуваат роковите за плаќање кон приватните фирми, кои според Законот не смеат да бидат подолги од 60 дена.

Швајцарската амбасада ќе додели грант од 1,2 милиони долари на вкупно 24 општини од змејава. Со парите треба да ги подобрат општинските  услуги.