Македонија
18. October 2019 - 20:23

Влада: Интензивни консултации по ЕС, премиерот носи одлуки водејќи се од интересите на граѓаните и државата

Итни консултации и состаноци во владата по негативната одлука за почеток на преговорите од Брисел. Премиерот Заев во попладневните  часови се сретна и со колаиционот партнер Ахмети, кој , неофицијално дознаваме, го потсетил дека Македонија е пред заокружување на уште еден голем процес  - влезот во Нато и не е време за избрзани одлуки.

Заев имал состаноци и со најблиските партиски соработници. Од владата брифираат дека одлуките кои ке се донесат  денеска ке бидат во интерес на граганите и државата. Засега официјално никаква информација не излегува од Илинденска, неофицијално  пак се очекува премиерот Заев утре да го изнесе својот став по разочарувачката одлука на ЕУ. Паралелно со овие состаноци, премиерот е во постојан контакт и со европските партнери кои даваат поддршка и охрабрување Македонија да остане и да не се откажува од европскиот пат. Премиерите на Шведска и  Словенија, како и германската канцеларка Меркел контактирале со премеирот, порачувајки му македонија да не ја губи надежта и да продолжи по реформскиот пат. Ројтерс пак јави дека  премиерот на Италија Конте најавил дека ке побара почеток на преговори за македонија и албанија веке во ноември. Сепак и покрај баквите охрабрувачки пораки, патот на земјата кон ЕУ останува блокиран.

Францускиот престедател објаснувајки во Брисел зошто Македонија нема да почне со прегворите, во неколку наврати ја пофалил владата на Заев , направените реформи и се разбира договорот од Преспа.  Макрон  најави дека скоро  ке ги посети двајцата премиери Зоран Заев и Еди Рама, кои како што истакна многу ги почитува.