Loading Video...
Спорт плус
18. February 2018 - 16:39

(ВИДЕО) Освојувачи на медали на деветтиот натпреварувачки ден за ЗОИ

Македонскиот репрезентативец  Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломската трка. Тој не успеа да ја заврши трката, односно излета од патеката и не успеа да стигне до целта, со што остана без пласман. Можност за поправен Ристевски ќе има за четири дена (22 февруари) кога ќе се појави и на слаломската трка. 
 
Инаку до златото во оваа дисциплина стигна Австриецот Марсел Хиршер за кого ова е второ олимписко злато во Пјонгчанг, откако претходно победи во комбинација. 
 
До второто злато во Пјонгчанг стигна и францускиот биатлонец Мартан Фуркад. 
 
Во неизвесен, фото финиш, Фуркад триумфираше на трката на 15 километри масовен старт, минувајќи ја целта со идентично време како Симон Шемп од Германија, но златото му припадна на францускиот олимпиец откако беше прегледана снимката, на која Французинот е за само неколку милиметри понапред Германецот. 
 
Втор златен медал освои и нордиецот Клаебо кој беше дел од машката штафета на Норвешка во крос-кантри трката  четири пати по 10.км.Токму благодарение на Клаебо, кој во финишот го мина рускиот натпреварувач Спицов, Норвежаните стигнаа до златото, пред Русија, додека бронзата и припадна на Франција. 
 
Јапонската натпреварувачка во брзо лизгање на кратки патеки, Нао Кодаира, по среброто од трката на 1.000.метри, сега стигна до златниот мердал на двојно пократката делница, и тоа за само 40.стотонки побрзо од домашната претставничка Ли.  
 
Украинецот Олександр Абраменко доби најголеми оценки од судиите за неговите акробатски скокови со што се закити си златото и тоа за само пополовина бод повеќе од сребрениот  Зонгјанг од Кина
 
 Норвежанецот Ојстеин Братен го освои златото во слободно скијање односно  дисциплината „слоупстајл“.  Со тоа тој стана првиот Норвежанец кој освоил злато во оваа дисциплина.  
 
Тоа беше и вкупно деветтиот златен медал за Норвешка на Олимпијадата во Пјонгчанг, а севкупно 26-ти, со што оваа нација е на врвот на табелата со најмногу освоени медали, а по нив следуваат Германија со 18 медали од кои 9 златни, односно Холандија која од 13-те медали има шест најсјајни (златни).