Фудбал
5. October 2015 - 11:18

Ветераните на ФК Работнички прославија годишница од формирањето на клубот

На 4.октомври 1937 година е формиран ФК Работнички , тогаш под името ФК Раднички. 

Овој клуб продолжува со активности и по војната и заедно со ФК Вардар учествува во Првата југословенска лига. 
Првото прволигашко градско дерби го добива Работнички  со резултат од 2-1 и како што истакнуваат ветераните  една од најдрагите победи во богатата историја на клубот кој играл натпревари и пред 25 000 публика и тоа во 10 часот наутро. 
По кризниот период на клубот на чело во 1998г доаѓа како претседател Трифун Костовски а потоа и Драган Поповски и ФК Работнички почнува да пишува нова историја. Освоени се 4 шампионски и 4 куп титули и остварени бројни настапи на европската сцена и одиграни дуели со Ливерпул, Болтон, Лацио, Хелсинки, Бронби,Трабзонспор, Рубин Казан и многу други европски екипи како дел од богатата историја на клубот. 
На  славеничката вечер беа присутни од најстарите до најмладите асови на клубот од Гале, Јово Никушев, Чочков, Гоце Попев,Јаневски, Стојановски, Скендеровиќ,  браќата Богоевски, селекторите Никола Илиевски-Џиџи и Јонуз, Ѓоко Стојановски,Ице Јосифов, Џипунов, Андрески  итн.
На сите оние кои во своите генерации ги одбележале игрите на клубот им беа врачени пригодни подароци.....
Ова е прва средба на ветераните на ФК Работнички која во иднина ќе биде традиционална.