Македонија
14. December 2015 - 16:30

Верските лидери со заедничка декларација против тероризмот

Верските лидери на петте уставни верски заедници во Македонија, но и сите останати регистрирани верски заедници и религиозни групи, потпишаа декларација со која ги осудуваат сите форми на тероризам, преземајќи одговорност да работат на сузбивање на религискиот и секаков вид на тероризам.

-Најостро ги осудуваме сите облици на нетолеранција, особено поради различна вероисповест и убедување. Истакнуваме дека интелектуално и морално право и обврска на секој поединец е апсолутната почит кон туѓиот избор на религиска определба и вероисповест, стои во декларацијата за осуда на тероризмот, што ја потпишаа верските поглавари, заедно со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Директорката, Валентина Божиновска вели дека оваа декларација е еден голем чекор напред за иднината на Македонија во борбата против тероризмот.http://ireklama.mk/ads/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=125&loc=http%3A%2F%2Fdenesen.mk%2Fweb%2F%3Fp%3D385750&referer=http%3A%2F%2Fdenesen.mk%2Fweb%2F&cb=ef83d2ba17

-Овој чекор, го оценувам како еден од крупните чекори во севкупната национална стратегија и на меѓународен, но и на државен план во Република Македонија за борба против тероризмот и мислам дека во иднина заедно со сите институции кои ќе ја прават програмата, дека активно ќе се вклучат и верските лидери, како институционално така и со работа со верниците. Уште еднаш го поздравувам овој гест и мислам дека согласно меѓународните ратификации на ниво на Република Македонија е еден голем чекор напред за иднината на Република Македонија во борбата против тероризмот, вели директорката Божиновска.

Со Декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.

Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на верските институции и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот.