Македонија
26. November 2015 - 20:11

Важна вест за возачите

Поради магла намалена е видливоста на планинскиот премин Плетвар на 70 до 100 метри, на патниот правец Маврово – Маврови Анови видливоста е од 10 до 15 метри и на патот Тетово – Попова Шапка каде видливоста е од 20 до 30 метри, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на патиштата во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. вг/18:56