Loading Video...
Ракомет
18. February 2018 - 18:41

Вардар подобар од ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар забележаа нова победа во Лигата на шампионите. 
Македонскиот и актуелен европски шампион Вардар многу потешко од очекуваното стигна до деветтата победа во Лигата на шампионите, откако попладнево пред својата публика во Јане Сандански го совлада унгарскиот ПИК Сегед со 34-30 полувреме 16-14. 
 
Тимур Дибиров со единаесет гола (само едно промашување) беше најефикасниот играч на натпреварот, кој Лука Циндруќ го заврши со шест, а Данил Шишкарев постигна пет гола.  
 
Следната недела (25 февруари) Вардар гостува во Франција кај Нант кој вчера загуби на гостувањето кај Загреб со еден гол разлика (23-22), по што црвено-црните сега имаат три бода повеќе од Нант, односно четири повеќе од трето пласираната Барселона.
 
Во овие моментов се игра последниот меч од оваа група во кој Р.Н.Левен е домаќин на Кристиханштад.
 
А група – табела: 
1.  Вардар 20
2. Нант 17
3. Барселона 16
4. Рајн-Некер Ловен 12
5. Пик Сегед 11
6. Кристијанштад 6
7. ППД Загреб 6
8. Висла Плоцк 6