Македонија
7. October 2015 - 16:40

Вакцините против сезонски грип достапни во сите Центри за јавно здравје од 15. Октомври

До крајот на неделата 31.000 дози вакцини против грип ќе бидат распределени во сите Центри за јавно здравје. Имунизацијата почнува на 15 октомври. Годинава вакцината е од холандски производител, препорачана е од СЗО  и  штити од 3 типа на грип. Чини 400 денари.

- Сите граѓаните кои се заинтересирани да се вакцинираат треба да се јават во центрите за јавно здравје и да се вакцинираат. Вакцината е препорачана најмногу за постарите лица, хроничко болните лица, посебно оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и за мали деца со намален имунитет,изјави д-р Јованка  Костовска од министерството за здравство.

Во меѓувреме успешно се одвива имунизацијата со поливалентните вакцини. Шестовалентна примиле над 4300 бебиња, а од септемри досега со петтовалентна биле заштитени се 3000 деца.

Вака со едно боцкање се заштитија од повеќе болести. Не сакани реакции нема, освен една пријавена -за зголемена температура која поминала, додаде Костовска.

Исто така со пнеумококна вакцина која штити од воспаленија на белите дробови, уво и менингит имунизирани се 600 деца до 5 годишната.