Македонија
18. February 2017 - 10:06

Утрово најстудено во Берово, во Маврово 18 сантиметри снег

Утрово, до 8:30 часот, најстудено беше во Берово, -5 степени, а максимални три степени се измерени во Тополчани и Дебар.

Како што информира УХМР, -3 степени беше во Струмица, Демир Капија и Скопје Петровец, -2 во Куманово, Битола, Штип, Кррива Паланка и Тетово, -1 во Скопје, Лазарополе и Гевгелија, 0 Крушево, Виница, Прилеп и Претор, 1 степен во Пожаране и Маврово и 2 во Ѓуриште, Охрид и Дојран.

Снег има во Маврово, 18 сантиметри. 

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно, наместа и ведро време, што овозможи на некои места пад на утринските температури. По одделни котлини после полноќ се создаде појава на магла. Дува слаб ветер претежно од јужен правец, но повеќе е изразен на повисоките места и на планините.  

Претпладнево по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот  ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала  до умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 12 степена.

Утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 литри на метар квадратен. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневнaтa температурa ќе има в недела и в понеделник.