-->
-->
Уште една трагедија - Дете почина откако го каснала оса
-->
13-годишниот Даниел Чакаревиќ од Србија почина во четврток откако го каснала оса, а семејството тврди дека детео се уште би бил жив ако докторот не му дал погрешен лек.
- Цело семејство е во шок, ова е голема трагедија за сите нас, не знам како понатаму ќе живееме. Даниел беше прекрасно дете, паметен, темпераментен, спортист... Живото беше пред мојот внук, зар да умре од убод од обичен инсект, низ солзи раскажува дедото на Даниел.
Осата го каснала Даниел на раката во средата додека играл со своите другарчиња, но тој ден не чуствувал никакви маки.
- Ништо не го болеше, на местото каде го касна осата му ставивме мелем и го пративме на спиење. Во четвртокот ме разбуди рано наутро неговот плачење бидејќи имаше големи болки и вискока температура. Цела рака му беше отечена: Ведна го однесовме во болница, и таму докторот му даде сируп ,,presing", кој инаку припаѓа на групата лекови против алергија, откако го донесоа дома, истата вечер повторно имаше висока температура и повторно беше однесен во болница каде по некое време почина, се потсетува дедото ан даниел.
Семејството на Даниел го обвинува докторот за смртта на нивното дете бидејќи сметаат дека сирупот не бил доволен за да се намалат болките и температурата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто