Македонија
25. February 2016 - 8:34

Уште денес сонце - Еве какво време не очекува од утре

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од  12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

В петок ќе има повремени локални врнежи од дожд. За време на викендот и во почетокот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Во понеделник ќе дува умерен, а наместа повремено и засилен јужен ветер.