Бизнис
29. August 2015 - 17:15

Управувањето со цврст отпад проблем за земјите од регионот

Седум земји од западен Балкан се соочуваат со проблемот со управување со црвстиот отпад. Ова прашање останува отворено и во останатите земји од Југо-источна Европа. Од тие причини „Постојаната работна група за регионален рурален развој“ чии членки се и министерствата за земјоделие и „Мрежата на асоцијации на локалните самоуправи“  започна со реализација на проектот „Управување со цврст отпад во прекугранинчните рурални и  крајбрежни области во регионот на Југоисточна Европа

Албанија е една од земјите која продуцира најповеќе цврст отпад, но не успеава да го менаџира, поради што последиците ги трпат и останатите земји од регионот

Поради тоа и првиот работен состанок на преставниците на локалните власти и ЈКП од регионот кои се знимаваат со оваа проблематика, се одржа во градот Скадар, Албанија. Суштината е да се развијат интегративни модели на управување со црвст отпад, со што ќе се подобри квалитетот на живот.

-Овие модели кои ќе се равијат во рамките на проектот, општините не само од овие држави кои се сега вклучени, ќе можат и останатите држави од ЈИ Европа да ги спроведуваат во нивните преку граниќни рурални средини – изјави Боран Ивановски, (НАЛАС) Мрежа на асоцијации на локалните самоуправи на ЈИ Европа

Фокусот е ставен на три прекугранични пилот региони, „Шарскиот“ или планинскиот, сливното подрачје на реките Сава и Драва и Јадранското крајбрежје.

-Идејата е со завршување на овој проект, да се направат предлог проекти, 3 за секој посебен регион, каде понатаму ние би барале финансии и партнери за нивна имплементација- изјави Катерина Спасовска - „Постојана работна група за регионален рурален развој во ЈИ Европа“

Решавањето на овој горлив проблем ќе значи и подобрување на социо-економските услови и развој на туризмот како една од ноосечките дејности. Проектот е подржан од Германката развоја агенција (ГИЗ) преку Отворениот регионален фонд за ЈИ Европа.