Кошарка
21. February 2017 - 22:54

Убедлив пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај ФМП

 
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром претрпе убедлив пораз со 19 разлика на гостувањето кај ФМП. 
 
Во натпреварот кој се одигра вечерва во Белград, а во рамките на 23.коло на регионалната кошаркарска АБА лига, екипата на МЗТ Скопје Аеродром загуби од ФМП со 101:82 по четвртини 20-18, 24-19, 27-16 и 30-29.
 
За МЗТ Скопје ова беше 15-ти пораз сезонава во регионалното натпреварување, по кој аеродромци остануваат во опасната зона за испаѓање од лигата.  
 
Ова беше трет натпревар од 23.рунда во АБА лигата, Во првите две средби, актуелниот шампион Црвена Ѕвезда кој пред седум дена гостуваше во Скопје убедливо го совлада Карпош Соколи со 98-61, а вчера во хрватското дерби Цедевита ја совлада Цибона со 89-85.
 
За утре закажани се три натпревари и тоа: Морнар - Мега Лекс, Унион Олимпија – Будуќност и Игокеа -  Крка. 
 
Колото ќе биде комплетирано дуери во петок со средбата  Партизан – Задар. 
 
Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 17-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6,  Цибона 12-11, ФМП 10-13, Игокеа 10-12, Карпош Соколи 9-14, Олимпија 9-13, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Мега Лекс 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15.