Loading Video...
Фудбал
24. March 2018 - 19:51

У-17: Домаќинот Полска подобар од нашите надежи

Фудбалската селекција на Македонија до 17 години го доживеа и вториот  пораз на квалификацискиот турнир од елитната фаза што се игра во Полска. Овојпат нашите надежи загубија од домашната селекција со 3-0.

Стрелци на головите за Полска беа Жук, Бида и Ришер. 

Во вториот меч  Ирска ја совлада Грузија со 2-0 и сега на чело на табелата со 6 бода пред Полска со 4, Грузија со 1 и Македонија која е без бодови.

Во последното коло играат Македонија - Грузија и Ирска - Полска.