ЕЗЕЛ - турска серија
Понеделник - петок 21:05
Прочитај повеќе за актерите од серијата Езел
Kосата да ми биде како на Eзел, ве молам!
Ќе прифатам нешто подобро од "Езел"
Главниот машки лик Езел, кој е интерпретиран од актерот Kenan Imirzalioglu, е веќе добропознат за гледачите на Сител телевизија, тој ја толкуваше главната машка улога и во хит серијата "Горка љубов", беше миленик на нашите гледачи, а миленик е и на останатите, тоа го докажува неговата титула - мистер на Турција. Оваа крими драма што е инспирирана од романот на Александар Дима, се прикажуваше и во другите земји од Балканот и има добиено многу награди, меѓукои: најдобра фотографија, најдобра режија, најдобра музика, најдобра потресна сцена, најдобар драмски актер, најдобра драмска серија и многу други.
Омер Унчар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство, но и на тројцата луѓе кои ги познава уште од детството. Aли и Ченгиз се негови најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот, а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот. По долгото служење во војската, Омер се враќа дома во Истанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство. Меѓутоа, судбината му го менува патот – за време на неговото отсуство, Али, Ченгиз и Ејшан измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино заедно со таткото на Ејшан, господинот Сердар. Во тој грабеж тие убиваат еден чувар и оставаат доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе кариерите и личните животи, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислува за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва, Омер е физички злоупотребуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз, неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо лице треба итно да се оперира, а заедно со промената на лицето доаѓа и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен бизнисмен и коцкар, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето.
По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се одмазди, а во тоа му помага неговиот учител и новите пријатели. Неговата љубена Ејшан е сега мажена за Ченгиз и имаат син, а Али е шеф на обезбедување во хотелот на Сердар. Езел започнува да се одмаздува на оние што го испратија во затвор, а во таа одмазда открива и зошто пријателите и жената што ја сакал му го направиле тоа.
НОВ ЛИК ВО ЕЗЕЛ
Случувањата во серијата "Езел" наскоро ќе станат уште подинамични со пристигнувањето на големиот негативец Секиз кој е внук на Рамиз и ќе му предизвика сериозни проблеми на Езел. Овој лик ќе биде одглумен од популарниот турски актер Киванч Татлитуг, за нас познат како Мехмет од серијата "Ѓумуш". Во продолжение потсетуваме кој беше тој.
Киванч Татлитуг е роден во Адана, Турција. Тој е еден од четирите деца на неговите родители. Како млад бил пратен во средното приватно училиште Јенис Чаг кадешто тренирал кошарка.

По некое време тој се враќа во Истанбул поради болеста на неговиот татко, со намера да дојде и да се грижи за него, а тренингот со кошарката го продолжува во спорткиот клуб Ulkerspor.

Неговата кариера почнува со тоа што мајка му праќа фотографии од него во модна агенција. Киванч станува успешен манекен и победува на манифестацијата "Model Of The World" во октомври 2001-та година. Оттогаш тој почнува професинално да работи како модел, но исто така и како актер. Неговата најсветла точка во кариерата е улогата на Мехмет во турската серија Ѓумуш.

Една година подоцна откако ја завршува улогата во Ѓумуш, тој се појавува во турската мелодрама "Noor" во улогата на Моханад. Магазинот "AlArab Online" објави дека актерот станал најголемиот срцекршач за секоја муслиманска жена.

Исто така се појави во неколку телевизиски серии како "Meneskse ile Halil" кадешто ја имаше улогата на Седеф Авчи. Како особено актерско исполнување се смета и неговата улога во серијата "Ask - Memnu".

На манифестацијата "ALtin Kelebek" тој го зема признанието за најдобар актер за улогата која ја имаше во "Ask - Memnu".

Беше во врска со познатата актерка Мелтем Комбул, но раскинаа пред две години во месец авугст. Во светот е познат како турскиот Бред Пит, а одбран е и за најсекси маж во Турција од списанието "Hurryet" во јули пред две години.






















Proglem So Zulu
aj ako moze da stredite nie sto ne sme od makedonija , nemozeme da gi gleame seriite , aj ako moze da se stredi toj problem , fala vi od napred
Езел
Најдете термин да ги давате епизодите кои не сме ги гледале од езел. Што му фалеше терминот од 14 и 20. Најдете термин барем во 15 00 часот да биде.
препорака
Би сакал да ја емитувате серијата Ask-i memnu лубовна драма која ги освои срцата на многумина луѓе и која веќе е емитувана на грчките,бугарските,хрватските,српските телевизии. Добра современа серија која никого не оставил рамнодушен, но да биде на турски со македонски превод. Главни улоги: Beren Saat, Kivanç Tatlitug and Nebahat Çehre. Благодарам
poddrska
jas ja gledav taa serija na hrvatskata NOVA tv i mislam deka ne postoi podobra od nea :)
se soglasuvam so tebe deka na turski e podobro da se emituva.
bi sakal da se emituva na Sitel zatoa sto e najgledana televizija vo MK i ke ima pogolema gledanost za razlika od Kanal 5
najdobrata serija vosite
najdobrata serija vosite vremina
igor
super serija bez komentar
ezelll
ezel e najubaviot na svetot
ezel
najdobar film- film nad filmovite
tu be ezel ejsan se ti zema
vrati si se i sjsan i parite
MILA
Tu bre,sto ste dosadni so taa Tuba,najubava, vakva onakva,pa preteravte veke,edna ista osoba sto pati go pisuva istoto za Tuba.
Коментирај