Балкан
26. November 2015 - 15:21

Турски поток и АЕЦ Акују би можеле да бидат замрзнати или откажани од страна на Русија

Гасоводот Турски поток и изградбата на АЕЦ Акују во Турција се наоѓаат на списокот на инвестициски проекти што може да бидат замрзнати или откажани како дел од мерките против Анкара, изјави рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукаев.

- Турски поток, по ништо не се разликува од кој било друг проект, наведе Улјукаев.

Тој прецизира дека проектот е дел од одредбите во законот за специјални економски мерки.

- Ситуацијата со АЕЦ Акују е сосема иста, изјави тој.

Улјукаев додаде дека неговото Министерство ќе подготви набрзо нови предлози.