Фудбал
26. November 2015 - 15:20

Трет пораз на женската фудбалска репрезентација на Македонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го претрпе и трет квалификациите за Европското првенство, кое во 2017 година ќе се одржи во Холандија.
 
Попладнево во Скопје, Македонија е поразена од Белорусија со 2:0 во натпревар од група „1’’.
 
Головите за Белорусија ги постигнаа Слесарчик (67) и Авкхимович (90+3).
 
Ова е трет пораз на нашата селекција во овој циклус квалификации, во кои загубија од Шкотска и Исланд со 4:1 и 4:0 исто така во Скопје.
 
Во недела (29 ноември) Македонија и гостува во Шкотска.
 
Табела: Шкотска 9 бодови, Исланд 9, Белорусија 3 и Македонија 0.