Свет
12. February 2016 - 12:02

Трамп им се обраќа на луѓето - но не е јасно што им кажува

Поразот на Доналд Трамп од Тед Круз во Ајова ги поттикна тврдењата дека поддршката за него е само реторичка и дека нема да успее да ја претвори неговата огромна медиумска профилираност во гласови.

Но, неговата победа со предност од 19 процентни поени во Њу Хемшаир го поби ова и ја засили намерата на Трамп да биде фаворит за републиканска номинација.

Успехот на Трамп е реален, но е прерано да се прогласи за победник - досега тој акумулираше нешто над 20 од 1.237 делегати кои му се потребни за да биде номиниран.

Но, неговите победи кажуваат нешто важно за расположението кај американскиот електорат. Двајцата кандидати кои излегоа во рингот како фаворити на естаблишменотот - Џеб Буш и Хилари Клинтон - и двајцата се препотуваат, иако Буш, кој се соочува со многу помалку противници, помина најлошо од сите.

Фактот што ниту Буш, ниту Клинтон не се пробиваат лесно до номинацијата е сигнал оти демократијата е жива и здрава во САД, но ако изборите демонтсрираа досега нешто, е ограниченоста на моќта на естаблишментот.

Јасно е дека Трамп директно нишани во силниот сентимент на незадоволството во статус квото во САД. До извесна мера, демократите се надеваат дека Берни Сандерс нишани во истата вена, иако и политички и стилкси двајцата се километри оддалечени еден од друг.

Она што ги зближува е чувството на запоставеност - чувството дека „системот“ е забарикадиран за обичените Американци и станува уште подистанциран.

Но, спосбноста за адаптација на Трамп во канализирање на незадоволството кај гласачите не го исклучува од потребата да се демонстрира како ќе се спраи со нивните грижи. Барем досега, едноставно тој на гласачите не им даде доволно информации за да се создаде неформална проценка за тоа каков претседател ќе биде тој.

Трамп би бил првиот претседател во американската историја без никакво искуство во јавните служби, цивилни или воени, па затоа нема информации како ќе се справува со предизвиците на јавната политика (наспроти него, Сандерс има децени долга историја во американскиот Сенат за гласачите да го проценуваат). 

Во време кога повеќето од канидиатите ги истакнаа деталните описи на своите политики во однос на големите надворешни и домашни предизвици (од справувањето со Русија, до реформите во образованието), Трамп се уште не го стори тоа.

Изјавите на Трамп за темите од јавната политика се, по својот изглед, магловити. Тој не специфираше каква „победа“ во контекст на трговските односи со Кина ќе извојува; ниту пак како неговиот план „да ја бомбардира ИД и да им ја одземе нафтата“ ќе биде изведен. Онаму каде тој ги брани специфичните политики - да се изгради ѕид по границата со Мексико и да им забрани на муслиманите да влегуваат во САД, на пример - тие се неприменливи во практични, политички и во некои други случаи, на правна или уставна основа.

Америка има силна демократија и она што го гледаме е доказ за тоа. Како Сандерс, и Трамп се поврзува со делови од општеството кои се чувствуваат отфрлени или оставени назад. Сепак несреќно е тоа што никој од нас не знае за што Трамп всушност се залага или, кредибилно, што ќе прави ако ја добие власта.

И додека Трамп маршира кон номинацијата, може само да се надеваме дека ова прашање ќе биде, порано или подоцна, одговрено.