Живот
13. January 2018 - 14:44

Трагедија: Познатата актерка почина еден ден по погребот на своите родители и сестра

Кон крајот на декември минатата година, познатата актерка била во автомобилот со своите родители и сестра. На автопатот имале сообраќајна несреќа и таа тогаш преживеала, но сега никој од четворицата не е жив. И Џесика Фалкхолт почина- еден ден по погребот на нејзините најблиски.

Познатата австралиска актерка исклучена е од апаратите само ден по погребот на своите родители и сестра. Мајка и и татко и Ларс и Вивијан страдале на лице место, а таа и сестра и се бореле за живот.

Набрзо и нејзината сестра, 21. годишната Анабел починала во болницата.

Џесика била на апарати, но главата и била значително повредена. Според одлука на семејството, симната е од апарати кои ја одржувале во живот. Цело време била во кома. Почина во 30-та година.

Фалкхолт играла во серијата „Дома и далеку“, а неодамна го снимила и филмот „Хармони“ кој би требало да излезе во кината идната година. Популарноста ја стекна во серијата „Црно огледало“.