Македонија
30. јуни 2016 - 13:27

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Дваесет и шест годишниот М.М од Македонски Брод  е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер пред патарината кај Кадински мост на автопатот Скопје-Велес.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена синоќа околу 23:30 часот, а се случила откако автомобил „Фолксваген Поло“ со регистерски ознаки на Македонски Брод,  управуван од М.М., удрил во метални браници, а потоа излегл надвор од коловозот и удрил во метална ограда.

Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје каде е задржан за понатамошно лекување.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на сообраќајката и се работи на нејзино целосно расчистување.