Живот
23. March 2018 - 15:02

Татко монструм: Се согласил ќерката да му се омажи за војник, а кратко потоа ја измасакрирал

Атира (22) од Керала во Индија е убиена од родениот татко само неколку часа пред да се омажи за човекот кого го сакала.

Нејзиниот татко неволно се сложил да и дозволи да се омажи за човек од друга каста, кој е во војската во Индија. Меѓутоа иако се согласил, таткото бил незадоволен од тој брак.

Инцидентот се случил во четвртокот кога таткото и ќерката се скарале, по што тој ја избодел повеќе пати додека не се онесвестила. Веднаш потоа ја однеле во болница, но лекарите само ја прогласиле Атира за мртва.

Таткото е уапсен денеска и ќе биде изведен пред суд, пишуваат тамошните медиуми.

„Регистиран е случај на убиство. Таткото бил во пијана состојба. Ќе истражиме дали убиството било поради одбрана на честа или не“, рече шефот на полицијата на областа Малапурам, Дебеш Кумар Бехера/

Според полициски извори, двојката со членовите на семејството расправале за своите несогласување во блиската полициска станица, по што таткото се согласил на венчавката.