Ракомет
29. November 2015 - 9:55

Супер лига: Одиграни три натпревари од 11.коло

Ракометните суперлигаши одиграа три натпревари од 11.коло од шампионатот. Прилеп пред своите навивачи го победи Борец со 28:24, а Охрид очекувано славеше висока победа од 40:26 над Металург 2.

Во неизвесен дуел Вардар Јуниор го победи Радовиш со 24:22.
Работнички и Металург играат на 2.декември (среда), Пролет е домаќин на Пелистер следниот ден. Овие два дуела се одложени поради настапите на Металург и на Пролет во еврокуповите.
 
Табела: Металург 30 бодови, Охрид 27, Прилеп 21, Работнички 21, Вардар Јуниор 18, Радовиш 15, Пелистер 9, Пролет 9, Борец 7, Металург (2) 1.