Македонија
30. January 2018 - 21:43

Студен бран доаѓа кон Македонија

Денови со многу сонце и пролетна атмосфера и студени утра е она што не чека од аспект на временски услови во наредните неколку дeна. Утре речи си идентичен ден како овој денеска но со нешто помалку сончеви периоди.

Во четврток веќе ќе почне наоблачувањето кое ќе донесе максимални 9 степени во текот на денот и некаде околу нулата наутро. Облаците ќе донесат дожд во петок а тој ќе се задржи и за време на викендот. Ваквото време ќе ги покачи температурите на 13 степени во петок и 11 во сабота, а високи ќе бидат и вечерните температури кои ќе се движат во позитива и тоа околу 4 степени.

Од недела се очекува и спуштање на студен бран над Македонија кој од понеделник нема да дозволи дневните температури да надминат 5 степени, а во вторник ќе се создадат и првите услови за малку снег во главниот град.