Ракомет
7. October 2015 - 14:58

Стартуваат квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2016 за жени

Со денешните осум натпревари ќе стартуваат квалификациите за ЕП во ракомет за жени што следната година ќе се одржи во Шведска. Натпреварите се играат во седум групи, а двете првопласирани и најдобрата трета селекција ќе избори пласман на ЕП.

Само домаќинот Шведска е директно палсиран на ЕП.
Во 1.коло се играат натпреварите:

Група 1: Норвешка – Белорусија (среда); Романија – Литванија (четврток);

Група 2: Чешка – Италија (среда); Србија – Украина (четврток);

Група 3: Холандија – Бугарија, Шпанија – Австрија (среда);

Група 4: Црна Гора - Македонија, Хрватска - Словенија (среда);

Група 5: Полска – Финска (среда); Унгарија – Словачка (четврток);

Група 6: Русија – Португалија, Данска – Турција (четврток);

Група 7: Германија – Швајцарија (среда); Франција – Исланд (четврток).

Натпреварите од 2.коло се играат во текот на викендот.