Бизнис
17. March 2018 - 16:20

Стандард и Пурс: Кредитниот рејтинг на Македонија ББ- со стабилен изглед

Економијата останува заложник на политичките случувања во земјава. Агенцијата Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ – со стабилен изглед  но со можно сценарио  дека ќе се влоши ако се вратат политичките тензии.

Може да дојде до подобрување на рејтингот доколку реформите кон економски раст базиран на повеќе извори резултираат со повисок раст на доходот, при повисока ефективност и отчетност на јавните институции и процесот на водење на политики. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вон-буџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг

И бизнисмените се плашат дека политичката криза повторно е  на голема врата и пак ќе удри врз бизнисот којшто минимално успеа да се опорави од ударот нанесен последните две години.

Потврдениот кредитен рејтинг ќе ги подзамисли инвеститорите дали да вложуваат сметаат дел од експертите. За да може една мала земја како нашата да се развива и да биде поволна за вложувања крајно време е рејтингот да се подобри на ББ односно ББ+.

Според извештајот на Стандард и Пурс политичката нестабилност имала најголем негативен ефект врз економскиот раст последните 3 години. Доколку не се оствари негативното сценарио, се очекува растот да забрза нa  2,7 отсто годинава.

Инаку Владата потфрли со прогнзоите за економскиот раст минатата година. Од очекуваните 1,6 % БДП лани изнесуваше нула.