Технологија
6. March 2018 - 14:37

Спејс-Икс лансираше сателит тежок шест тони

Американската компанија Спејс-Икс со помош на ракета-носач „Фалкон-9" успешно го лансираше шпанскиот телекомуникациски сателит „Hispasat 30W-6" со маса од шест тони.

Станува збор за најголемиот геостационарен сателит, кој кога било е поставен во Земјината Орбита од страна на Спејс-Икс. Тој ќе служи за телекомуникациски врски во земји од Европа, Северна Африка, Северна и Јужна Америка.

Вселенскиот објект е произведен во американската компанија Ес-ес-ел, по нарачка на шпанскиот телефонски оператор Хиспасат.