Македонија
29. August 2015 - 16:26

Состојбата на повредените деца се подобрува

Вчера попладне се случи трагедијата во која загина 13 годишник од велешкото село Бузалково. Момчето заедно со уште 7 деца на возраст од 6 до 15 години се превезувало во трактор со приколка. Возилото го управувал врсник на загинатото дете.

-Во атар на с.Бузалково, велешко, кај м.в.„Врбица“, 13 годишно дете од истото село управувајќи трактор, со приколка, во еден момент изгубил контрола. Три деца на возраст од 11 до 15 години сите од с.Бузалково, кои се превезувале на страниците на тракторот, паднале од истиот. Во приколката се превезувале и уште четири деца на возраст од 6 до 10 години кога истата се превртела. На местото на несреќата починало 13 годишно дете кое се превезувало на страниците од тракторот.

На местото на несреќата увид направиле полицијата и јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатото дете е предадено на семејството. Инаку за околу месец, ова е трета жртва во несреќа со трактор во Повардарието. Во јули животот го загубија шестгодишно дете во Неготино и 42 годишен Кавадарчанец.