Македонија
14. March 2018 - 8:54

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец А2 Стругa-г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода-с.Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.