Македонија
24. March 2018 - 16:34

Со секои обилни дождови се открива опасноста по градбите на Водно од свлечишта

Обилните врнежи од снег и дожд, несвојствени за овој период од годината, предизвикаа одрони на земја во цела Македонија. Една од најпогодените е планината Водно. Опасностите од ерозија се најголеми во појасот над Општина Кисела Вода.

Експертите велат дека поради падинскиот материјал, каков што имаме на планината Водно, постои сериозна опасност за свлечишта. Најдобра природна заштита е пошумувањето.

Освен приридните услови, причина за ваквите свлечишта се и изведувањето на градежни работи.

Последниот голем одрон на земјиште на Водно се случи при копање темели за нова стамбена зграда во населбата Пржино. При зафатот се урна потпорен ѕид и пропадна дел од улицата “Пандо Кљашев”.