Македонија
17. January 2018 - 16:20

Со двојазична поштенска марка започна прославата на 550 години од смртта на Скендербег

Македонско-албанска двојазична поштенска марка со ликот на Ѓорѓ Кастриот и на која името на државата Република Македонија е испишано само на латинично писмо издаде Македонска пошта. Марката е издадена по повод 550 години од смртта на Скендербег.

Директорот на Македонска пошта Фаадис Реџепи тврди дека марката е издадена според закон и внатршените уредби на поштата, но не сакаше да открие дали е применет новиот закон за албански јазик кој не е стапен во сила, или пак кој друг закон пропишува државни двојазични поштенски марки и латинично писмо за името на државата.

Ниту Талат Џафери, иако е дел од законодавниот дом, не кажа кој закон е применет кај спорната марка.

-Македонски пошти си има управен одбор си имаат правила, вели Џафери.

Инаку тој е покровител на државното чествување на 550 годишнината од смртта на Скендербег која днеска почна со свечена академија токму во парламентот. Наспроти пораката на двојазичната поштенска марка, алабанските и макеоднските историчари беа обединети во пораките дека Кастриот бил заеднички лик во албанската и македонската  историја, а испраќал порака и со заедништво.

-Тој е и еден Ѓерѓ христијанин, еднаш католик, еднаш православен, но еден Скендербег муслиман.. Скендербег му зборува и на Балканот, праќајки порака за мир и соживот меѓу народите, изјави Скендер Асани, директор на Институтот за духовно наследство на Албанците.

-Единствен лик со кој може да се спореди од овие простори е Александар Македонски по кој и го добил името...Скендербег и за нас Македонците е значаен лик во броба против османлиите на макеоднска територија особено во дебарската област, смета академик Драган Ѓорѓиев.

-Охридскиот рамковен договор кој повикува на заедништво и соживот ги олицетвровува пораките на Скендербег, изјави Владо Поповски.

Настрана државното чествување, посебна приватна прослава на плоштадот Скендербег направи и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

550 години од смртта на Скендербег, Собранието одлучи да стане дел од државната програма за одбележување на настани и лица пред нова година. Чествувањето ќе заврши во ноември кога ќе се одбележува денот ан албанската азбука.