23.04.2014 - 17:48 |
Последна промена пред 3 мин 2 сек

Languages

Следната година ќе се градат станови за децата без родители

Децата без родители догодина ќе добијат 64 социјални станови. Владата нема да ги остави без покрив над главата и по нивното полнолетство. Откако ќе наполнат 18 години, ќе имаат право да алпицираат за да добијат стан.

Сакам да знаете дека и Владата се грижи за сите фази од вашиот развој во животот. Определивме по 18.000 денари месечно да добиваат сите деца без родители што ќе одат на факултет. Владата донесе и одлука да им помага на децата без родители кога ќе го завршат образованието и да им додели и станови. За следната година се планира да бидат изградени 64 станови наменети за децата без родители“ рече министерот Ставревски.

Ставрески заедно со директотор на Управата за јавни приходи денеска донираше два ЛЦД телевизори, осум микробранови печки и осум миксери на децата од домот без родители 11 Октомври.

ПУИК идната година ќе изгради 638 комерцијални станови. 10% од нив Владата ќе намени за децата без родители односно 64 станови.

Во 2014 година пак, ќе отпочнат со градба 559 станови. Дел од нив ќе бидат завршени истата година, а дел во средината на 2015 година. 56 станови од нив ќе бидат наменети за деца без родители. Исто така со буџетски пари и пари од ЕБОР во 2013 година ќе се градат 5 згради со 474 станови за социјални случаи каде исто така се предвидени и децата без родители.

Елена Бошковска 

Слични вести

Македонија