Свет
6. October 2015 - 18:47

Скандал во Германија - Ангела Меркел во бурка а во нејзина позадина минариња

Германската телевизија АРД направи голем скандал објавувајќи слик аод Ангела Меркел со црн никаб а во нејзина позадина минариња.

Сликата предизвикала лавина негативни коментари а многумина ги осудиуја АРД, а нивното објавување на фотографијата го прогласиле за невкусно и навредливо.

АРД ги отфрли сите обвиненијата и тоа дека на овој начин допринесува и предизвикува за расна нетрпеливост кон муслиманската заедница.

"Жал ни е што јавноста не ја сфати нашата порака. Темата на емисијата беа вредностите во нашето општество, зборувавме и за успесите на западот - слободното мислење, слободните медиуми и рамноправноста. Сите овие работи се отсликуваат во нашата мала претстава. Со сликата сакаме само да го разбудиме вниманието и поларизацијата", објави АРД.