Ракомет
13. јуни 2017 - 22:37

Шведска сепак пресилна за Македонија

 Женската ракометна селекција на Македонија е поразена вечерва во реванш баражот за пласман на Светското првенство од селекцијата на Шведска со 46:27 (26:11). Шведска со вкупен резултат од 77:47 ја победи Македонија во двомечот и избори пласман на Светското првенство што на крајот од годината ќе се игра во Германија.
Во текот на целиот натпревар Шведска имаше водство, а шведските ракометарки постигнуваа гол од речиси секоја позиција. 
Најефикасна на дуелот беше Луис Санд од Шведска со 9 голови, додека кај Македонија напрецизни беа Мирјета Бајрамоска и Сара Ристовска кои постигнаа по 6 голови.
Покрај Шведска на Светското првенство вечерва пласман обебзеди и Романија, која и во реваншот како гостин ја совлада Австрија со 33:24  (прв натпревар 34:29 за Романија). Другите седум реванш бараж дуели се играат утре и задутре.