Македонија
24. March 2018 - 20:56

Штрковите дојдоа порано: Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за помош

Граѓаните на социјалните мрежи се организирираат и објавуваат апел за помош на штрковите кои долетаа во земјава, но поради снегот немаат храна.

„Апел! Имаме информација од жители на Драчево, Зелениково, Ржаничино, Петровец и други места дека има пристигнато штркови на кои им е неопходна наша помош во обезбедување на храна. Се молат сите луѓе кои се во нивна близина, доброволци, активисти да помогнат за спас на овие прекрасни птици кои по долг и тежок пат се вратија во нивните гнезда, а времето си поигра со нив“, апелираат граѓаните.