Спорт плус
30. December 2017 - 19:08

Штох победник на првата скокалница од „Новогодишната турнеја“

Со скоковите на леталницата во ОБЕРСДОРФ  денеска стартуваше 66-то издание на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“
 
Победник на првата од четирите леталници е Полјакот, КАМИЛ  ШТОХ кој оствари скокови од 126 во првата серија и 137.метри во втората серија. 
 
На задоволство на илјадната публика второто место му припадна на домашниот германски скокач РИЧАРД  ФРАЈТАГ со скоковите од 128,5 м.  и 127,метри, додека место на пиедесталот имаше и за ДАВИД КУБАЦКИ од Полска кој оствари должини од 126,5 м. и 129,0.м. 
 
Турнејата ќе продолжи во Германија во ГАРМИШ-ПАРТЕНКИРХЕН на првиот ден од Новата година, по што ќе следуваат настапите во Австрија и тоа на 4 јануари во ИНСБРУК, односно два дена подоцна (6 јануари) во БИШЕСХОФЕН.