Шокантен туристички бум во неколку земји-причината е ова
Неколку земји се соочуваат со туристички бум благодарение на снимките од серијата "Игра на тронови" кои се изведуваат таму.
Дали е можно неколку кратки филмови да го претворат малиот хрватски замок популарен како Версај? Да, ако филмот е "Игра на тронови", а тврдината е дом на главниот лик Денерис. Такво чудо се случува не само во Хрватска, туку и во Малта, Северна Ирска и Исланд.
Секаде каде што се појавуваат екипите на серијата, тие предизвикуваат туристичка манија, а добивката во малите гратчиња скока речиси со 600 проценти. Страста на публиката ја зголемила нивната посетеност во просек од 120 проценти.
Најфаворизирана е Северна Ирска. Таму страствените навивачи се очекувани со отворени раце од локалните луѓе кои имаат подготвено Албум со фотографии на сите места кои се појавија во "Игра на тронови". Според весникот "Тајмс", продукцијата потрошила 140 милиони евра и се создадени 900 работни места во Ирска. Во Хрватска и Дубровник исто ја искористиле масовната инвазија на обожаватели. Тие веќе организираат три часовни тури во кои раскажуваат за историјата на средновековните фамилии. Цената е околу 57 евра по лице. Таквите чуда се случуваат ретко. За да се развива туризмот, е потребно повеќе упорност, а раст од 7-10 проценти се смета за исклучителен.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар