Фудбал
26. November 2015 - 15:15

Шкендија убедливо со 3-0 го победи Вардар

 
Во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија, екипата на Шкендија убедливо со 3-0 го победи Вардар.
 
На средбата одиграна на стадионот Чаир, во Скопје, Шкендија поведе во 22. минута со голот на Жуниор. Брзо по водството, Хамбарџумјан доби втор жолт картон и Вардар остана со фудбалер помалку.
 
Во 40.минута вардарци останаа и без искусниот Горан Попов кој поради удар со лакт удри на противнички играч и заработи директен црвен картон, па Вардар остана со деветмина играчи во поле.
 
Тоа Шкендија знаеше да го искористи, па само една минута подоцна (41) преку Адријан Цуцули зголеми на 2-0, додека во судиското продолжение Радески ги постави конечните 3-0 за Шкендија.
 

ФУДБАЛ - Куп на Македонија 
1/4 финале (прв меч)

вчера
Работнички – Силекс 3-0
Младост Ц.Д. - Брегалница 1-1
Македонија Ѓ.П - Хоризонт Турново 2-4
денеска
Шкендија – Вардар 3-0