Шефот на холандската дипломатија поднесе оставка
Холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зејлстра денеска поднесе оставка на функцијата, само еден ден откако призна дека лажел оти во 2006 година слушнал како рускиот претседател Владимир Путин рекол дека има план за создавање на „Голема Русија“.
Зејлстра ја соопшти оставката за време на дебата во Парламентот во Хаг, нагласувајќи дека неговиот авторитет бил урнат од признанието на лагата и затоа повеќе не може да остане на министерската функција.
- Тоа беше најголема грешка во мојата кариера. Не гледам друга можност освен да му ја врачам мојата оставка на неговото кралско височество, додаде Зејлстра.
Зејлстра вчера призна дека во 2016 година излажал кога изјавил дека десет години порано присуствувал на говор на Путин во кој рускиот претседател изјавил дека има план за создавање на „Голема Русија со анексија на Белорусија, Украина, балтичките држави и Казахстан“.
По оставката на Зејлстра, холандскиот премиер Марк Руте соопшти дека до изборот на негов наследник, функцијата шеф на дипломатијата времено ќе ја извршува министерската за надворешна трговија и развојна соработка Сигрид Каг.
Руте нагласи дека на неговата конзервативно-либерална Народната партија на слободата и демократијата (ВВД) ќе и треба извесно време за да најде замена за Зејлстра
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација