Македонија
22. October 2019 - 16:44

Сенатот на САД вечерва ќе гласа за протоколот за НАТО

Американскиот Сенат попладне по македонско време се очекува да гласа за ратификување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Доцна синоќа, со 84 гласови ЗА и два ПРОТИВ,  Сенатот изгласа ратификицијата на Пристапниот протокол да оди по скратена постапка.

“Сите сенатори гласаа, ЗА се 84, против се двајца, сенаторите гласааа потврдно”

Единствените гласови против дојдоа од редовите на Републиканската партија. Против гласаа сенаторот Мајк Ли од сојузната држава Јута и Ренд Пол од Кентаки. Во гласањето не учествуваа 14 сенатори.

САД е 25 земја членка на Алијансата што треба го ратификуваша овој протокол. Остануваат уште четири земји членки, по што Македонија и официјално ќе стане членка на НАТО.

Македонија очекува тоа да се случи до самитот на Алијансата во декември во Лондон, но политичката криза во Шпанија може да го одложи полноправното членство.

Земјата нема формирано влада, што во реалноста значи дека наместо во декември, земјава би станала дел од Алијансата еден или два месеци подоцна.