Се зголемува бројот на баратели на азил во Србија
Бројот на мигрантите, кои бараат азил во Србија, се зголемува, изјави претставникот на граничната полиција при српското Министерство за внатрешни работи, Митро Ѓурашковиќ, според кого, од почетокот на годинава во земјата засолниште побарале над 1.500 лица, а ваквата тенденција бележи раст.
Од 98.360 мигранти регистрирани во Србија, 1.574 имаат намера да побараат азил, 96.116 лица добиле документи за транзитен премин, а против 670 се покренати обвиненија за незаконски влез во земјата.
- По затворањето на балканската рута во Србија се создаде нова ситуација, истакна шефот на канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалците (УНЦХР), Ханс Фридрих Шодер.
Тој нагласи дека „Србија веќе не е транзитна земја и бегалците тука имаат потреба од правен статус, долгорочна поддршка, храна и сместување“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари