Се укинува условот, земјоделците да ги подмират обврските кон УЈП за да добијат субвенции
Земјоделците веќе нема да бидат обврзани прво да ги подмират обврските кон УЈП за да добијат субвенции.
Ова е предвидено со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој.
- Се предлага за корисниците на средствата да престанат да важат условите за подмирени обврски по други основи кои не се во областа на земјоделството односно обврски за кои е надлежна Управата за јавни приходи и условот за подмирени обврски по основ на склучени договори за користење средства од компензациски фондови од странска помош за кои е надлежно Министерството, стои во предлог-текстот на законот.
Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој е во предвладина процедура. Достапен е на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) за коментари, дополнителни предлози и сугестии од страна на засегнатите страни.
Со него е опфатена и „зелената нафта“ или, како што се наведува, поддршката на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Предвидено е поддршката да изнесува до 50 отсто од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на гориво, а ќе се доделува со давање платежни картички за набавка на гориво во определен износ.
Целта на измените, стои во текстот, е да се се овозможи ефикасна и навремена исплата на средствата од програмите за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на крајните корисници, намалување на трошоците за земјоделското производство и поконкурентно земјоделско производство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација