Македонија
24. November 2015 - 16:17

Се поголем број европски држави се противат на примањето бегалци

Македонија не може да ги сноси последиците од нефункционалниот механизам за справување со бегалците. Ставот кој претседателот Иванов вчера го соопшти директно во Брисел наидувана поддршка во сите балкански земји но и пошироко во регионот.

Претседателите на Хрватска и Словенија, Пахор и Грабар Китаровиќ денеска од Љубљана со идентична порака. Балканот е против создавање на мигрантски џепови на сопствена територија.

Во ситуација кога Европа не може да најде начин да го реши проблемот кој Грција го има на своите граници во одвојувањето на бегалците од мигрантите, земјите од регионот, меѓу кои првенствено Македонија се соочуваат со ситуација во која економските мигранти ќе треба да ги згрижи на сопствена територија на подолг рок.

Во таква ситуација земјите од Балканот прават се за да се заштитат за што говори и последната анакета во Словенија според која 79% од граѓаните ја поддржуваат идејата за изградба на ограда на словенечката граница.
Полскиот министер за надворешни работи порача дека Европа не може да бие битките на блискиот исток додека луѓето од Сирија пијат кафе во Берлин.

Последните случувања во Париз и серијата терористички напади го отворијаи рашањето за влијанието на мигрантите врз безбедноста на земјите низ кои се движат. Унгарскиот премиер Орбан во последното интервју потенцираше дека без разлика дали тоа некому му се допаѓа сите терористи претходно биле мигранти.

И додека Европа се наоѓа среде мигрантската криза, во САД, особено во таборот на Републиканците владее силно антимигрантско расположение.  Тие поддржани и од неколку демократски претставници но и голем број на гувернери излегуваат со јасен став дека мора да се блокира влезот на мигрантите на територијата на САД. Многу американски држави воопшто не примаат мигранти на своја територија за да се зачува безбедноста.

Македонија во повеќе наврати ја докажуваше својата хуманост во односот на мигрантите но експертите преупредуваат дека токму хуманоста не смее да ја доведува во прашање безбедноста.

Претседателот Иванов во повеќе наврати прати силна порака дека Македонија мора да го гледа својот интерес и дека одлучно ќе се справи со овој предизвик