Македонија
29. August 2015 - 20:46

Се оформува просторот и дел од црковниот објект на манастирот Преображение Христово во Гостивар

Во речиси една година работа започна да се оформува просторот и дел од црковниот објект на манастирскиот комплекс Преображение Христово во гостиварската населба Циглана. Од иницијативниот одбор велат дека од лани до сега завршени се сите планирани активности.

Донациите од верниците се единствениот начин за собирање средства за градење на црквата.

Манастирската црква Преображение Христово во гостиварската населба Циглана е прв православен храм што почнал да се гради во изминатиот период од 100 години.