Бизнис
7. March 2017 - 21:05

Само половина од граѓаните поднеле ГДП, рокот истекува наредната недела

На една недела до истекот на рокот  половина од граѓаните немаат поднесено годишна даночна пријава. Од очекуваните 400 илјади , заклучно со денеска 216 илјади ги пријавиле своите екстра приходи остварени лани. Најмногу или 80 илјади пријави се поднесени во Скопје. Околу 1000 граѓани даночната пријава ја доставиле електронски.  И денска на шалтерите  гужви и турканици. Како и секоја година вработените најголем број пријави очекуваат да се соберат на 15 март кога истекува рокот.

Обврска за поднесување на даночна пријава има секој кој лани освен плата или пензија има остварено дополнителни приходи. Добивките од спортска самите  кладилници ги пријавуваат во УЈП, а  од игри на среќа се пријавуваат само оние кои се над 5.000 денари.

Изминативе три години бројот на даночни пријави е зголемен како резултата на обврската за испла на к-15.

Сите оние граѓани кои до 15 март кога истекува рокот до УЈП не достават годишна днаочна пријава ќе бидат казнети с глоба од 100 до 200 евра.