Бизнис
22. October 2019 - 16:34

Саем за вработување - дали младите се подготвуваат за потребите на пазарот?

Можност за обука и вработување им понудија  30- тина домашни и странски фирми на студентите кои сакаат покрај образованието да се стекнат и со практична примена.

Компаниите најмногу потребат имаат од ИТ кадар, на пазарот најмногу се нудат економисти и правници.

Студентите се надеваат дека токму тие ќе бидат избрани за дел од тимот во успешните фирми.  Најпривлечни за нив се банките и менаџерските позиции во големите компании.

Компаниите бараат спремен кадар. Велат дека студентите имаат знаење, но им недостасува пракса. Затоа ваквите саеми се добро место.

Полни со надеж, студентите велат – прво да и дадеме шанса на земјава да не задржи. После ќе размислуваме за надвор.

Во моментов преку Агенцијата за вработување се бараат над  6.000 работници, пред се со средно стручно образование, кои нудат минимална плата од 12,500 денари.