Loading Video...
Ракомет
11. January 2018 - 20:01

Ристовски: Да го направиме она што најдобро го знаеме

 
 Македонската ракометна репрезентација која од утринава е во Загреб, попладнево го одработеа и првиот тренинг. 
 
Предводени од селекторот Раул Гонзалес „црвено-жолтите„ тренираа во салата „Дом Спортова“,која служи за тренинг на репрезентациите учеснички Европскиот шампионат, односно оние кои Ц групата кои ќе играат во Загреб. 
 
Утре, македонската селекција ќе тренира во загрепска „Арена“, каде во сабота од 19 часот и 30 минути ќе го одиграат првиот меч на шампионатот против Словенија.
 
„Треба да се сконцентрираме на она што најдобро го правиме, дали било тоа во одбраната или во нападот. Само со таков пристап и со максимална ангажираност и борбеност можеме да направиме позитивен резултат. Мислам дека тоа е клучно на успехот во ваков турнирски систем на натпревари“, изјави искусниот чувар на голот на Македонија, Борко Ристовски. 
 
Според најавите „црвено-жолтите“ ќе имаат голема помош од навивачите кои се очекува во илјадници да пристигнат од сите делови на Македонија, но и од дијаспората во Европа.
 
Покрај Македонија и Словенија, во Ц групата се и селекциите на Германија и на Црна Гора.